| четврток, 6 декември 2018 |

Словенците го губат трпението: Регистрирањето нема смисла, бегалците се пријавуваат со лажни податоци

migranti slovenija

Словенечките власти се соочуваат со нови проблеми при прифаќањето и регистрирањето на бегалците, пишуваат словенечките медиуми.

Според нив, поголемиот број од бегалците и мигрантите кои се регистрираат во Словенија наведуваат ист датум на раѓање. Така, најголем дел од нив се пријавуваат дека се родени на 1 јануари 1995 година, или на 1 јануари 1996 година. Секако, веројатноста дека тоа е точно е минимална, а 24ur  пишува дека словенечките власти не гледаат смисла во регистрацијата кога мигрантите не даваат точни податоци. Освен тоа, Словенците тврдат дека мигрантите даваат различни имиња при регистраијата. Со едно име се пријавуваат во Македонија и во Србија, а под друго име во Словенија.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top