| четврток, 6 декември 2018 |

Универзална ќе се урива напролет

Универзална сала во Скопје ќе се урива напролет. Во моментов фирмата „Архи груп план” го изработува основниот проект за салата, кој треба да биде готов до јануари, по што се очекува да почне постапката за уривање.

Во Универзалната сала веќе половина година не се одржуваат манифестации, откако во март се урна дел од таванот на објектот.

univerzalna

Според идејното решение на авторите Стојан Павлевски и Иван Симеонов, салата ќе биде во јајцевидна форма. Целиот објект ќе го носи името „Конгресен центар Александар Македонски“.

univerzalna1

Големата концертна сала со капацитет од 2.500 до 3.000 седишта пак ќе го носи името „Тоше Проески“, а помалите мултимедијални сали „Мајка Тереза“ и „ВМРО“. Предвидено е во новиот објект да функционираат и конгресни и билатерални сали.

Планот на надлежните е конгресните сали да се крстат по Гоце Делчев, Тодор Александров, Методија Андонов Ченто и Борис Сарафов, а билатералните сали да се викаат Панко Брашнаров, Кочо Рацин, Григор Прличев, Димитрие Чуповски, Крсте Петков Мисирков и Браќа Миладиновци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top