– Имавме вербална дискусија со физичка интеракција. Она што мене многу повеќе ме загрижи е тоа што го видов во Радолишта. А, тоа е односот на дел од локалното население кон државата, кон соживотот. Идејата за соживотот, која со години ја градиме, од она што го видов на терен, очигледно е дека ќе треба да ја ревидираме и да поработиме многу повеќе на таа тема. Сè уште има значително присуство на елементи што поинаку размислуваат во однос на иднината на оваа држава. Ни треба едно многу поголемо ниво на кохезија. Не сме целосно искрени едни кон други. Ако искрено ги отвориме овие прашања, полесно ќе одиме напред – рече министерот Владимир Пешевски за време на вечерашното гостување во „Канал5“.
„Република“ објави дека тој е набљудувачот што денеска се соочил со физичко насилство во струшкото село Радолишта.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.