Помина 41 година од трагедијата поради која плачеше цела бивша Југославија, а за да никогаш не се заборави се потруди и Здравко Чолиќ со неговата песна „Таа спие“.
Имено, тој својата песна и ја посвети на Милица Костиќ која во 1974 година бегајќи од група насилници кои сакале да ја силуваат скокнала од 11 – от кат на Рубиновата кула во Крушевац со што на најтрагичен можен начин ја сочувала нејзината невиност и заминала во легендите.
Податоците за самиот настан кој се случил во станот истражните органи ги собрале од сослушување и сведочењата кои ги дале осум лица. Покрај седумте изјави на сведоците дадена е и уште една, во болница проговорила и Милица.
Тоа утро, понеделник 2 септември, Милица се поздравила со родителите, ги земала своите работи и тргнала кон Крушевац. Стигнала околу седум и петнаесет минути наутро, поминала во станот во кој престојувала, а потоа заминала на училиште. Бидејќи во училиштето пристигнала порано од другите ученици имала време малку да се прошета, што и направила. Во Крушевац било раздвижено и полно со ученици кои оделе да се запишат на правиот школски ден. Токму со тоа биле мотивирани и споменатите злосторници, кои излегле во градот со намера да однесат во стан некоја од млади ученички. Во меѓусебниот разговор, тие ученичките кои доаѓале во Крушевац наесен, поради училиштето, со потценување ги нарекувале „есењчиња“. Момчињата својата жртва ја барале во центарот на градот.
Во еден момент вниманието им го привлекла убавата девојка, со темно костенлива коса, која шетала сама гледајќи ги излозите. Беше тоа Милица. Тие до тогаш не ја познавале. По кусо договарање падна одлука да и пријдат. Еден од нив се одделил ја застанал и ја замолил да му направи услуга. Момчето ја замолило Милица да појдат до еден стан за да таа ја побара неговата девојка бидејќи тој не можел зошто девојка му имала многу строги родители. Милица не се посомневала во неговите лоши намери и прифатила да му помогне на момчето. Момчињата кои целата работа ја правеле синхронизирано ги следеле овие двајца но ниту еден од нив не можел да сонува дека ова наивна и добра девојка висока само метар и шеесет сантиметри ќе биде најнесреќниот избор кој можеле да го направат.
Момчињата се поделиле во две групи. Правата дошла во станот го исклучила ѕвоното, пуштиле гласно телевизија и се скриле во собата, оставајќи го најмладиот да ја пречека Милица. Таа заѕвонела на вратат и прашала дали тука живее Марија на што момчето потврдно и одговорило и ја поканило да влезе. Милица влегла во станот, а веднаш потоа влетало и момчето со кое дошла до станот и ја заклучило влезната врата.
Момчето и објаснило зошто ја намамиле тука и барал од неа да се согласи со тоа и да се соблече затоа што нема друг избор.
Милица категорички одбила и почнала да го моли да не го прави тоа и да ја пушти да си оди. Насилникот воопшто не ја слушал и со сила се обидел да и ја соблече облеката. Милица почнала да плаче по што момчето изнервирано кажало дека не сака да ја допира затоа што е невина.
Но другите момчиња не се сложиле со него , настанала расправија по која насилниците се договориле дека ќе продолжат со планот. Од позиција од која не и беше возможно да излезе, а и поради невозможност да даде отпор се решила на бегство. Знаејќи дека повеќе мажи ќе ја силуваат, решена тоа да не им го дозволи, користејќи го моментот кога останала сама во собата, Милица рипнала единаесеттиот кат на зградата.
Разговорот помеѓу Милица и инспекторот Добривоје Стефановиќ, кој по немилиот настан се случил во болница, течел вака:
-Прашав каде беше?
Милица: Бев на училиште со другарките. Требаше да имаме тест.
По ова ја загубила свеста.
Потоа повторно се разбудила и кажала: Одев со едно момче до единаесеттиот кат за да ја побарам неговата девојка.
Тогаш повторно заспала.
По неколку минути се разбудила и кажала: Бев на единаесеттиот кат.
Инспекторот прашал: Како знаеш?
Кажала дека видела во лифтот.
Инспекторот ја прашал дали сама скокнала или пак некој ја турнал.
Милица одговорила: Јас сама скокнав низ прозорецот.
Кога инспекторот ја прашал зошто го сторила тоа таа кажала: Не можев повеќе да издржам. Единствено на тој начин можев да ја сочувам својата чест.
Потоа Милица паднала во длабока кома од која за жал не се разбудила.
Пред болницата имало толпа народ. Семејство, другарите од училиште, персоналот, сограѓаните – сите чекале да видат дали храбрата девојка ќе се разбуди од кома.
На 4 септември Милица починала точно напладне.
Велат дека околу 11 кат на кулата од кој скокнала Милица со години во 12 часот на 4 септември лета јато бели гулаби. Уште неколку други несреќни настани се случиле токму во станот кај злосторниците ја намамиле Милица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.