Легендарниот хрватски музичар Дарко Рундек во рамки на оф-програмата на 17. „Таксират“ ќе одржи концерт на 30 ноември во МКЦ во Скопје.
Некогашниот лидер на култната група „Хаустор“, која беше еден од предводниците на „новиот бран“ од почетокот на осумдесеттите години на минатиот век, со своето „Карго трио“ се враќа пред македонската публика со промоција на извонредниот и веќе одлично прифатен нов албум „Мостови“.
Со новиот албум, „Рундек карго трио“ годинава одржи многубројни распродадени концерти во целиот регион и Европа, а со оглед на огромниот интерес што тој го предизвика, групата ја продолжува промотивната турнеја во чиишто рамки на наше огромно задоволство се наоѓа и Скопје. Секогаш необичниот Рундек, веќе одамна го зацврсти своето реноме на вешт и искусен музичар, кој е во состојба да го промени музичкиот пристап на секој нов албум, додека истовремено успева да го задржи својот препознатлив печат.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст