Во делови на Блискиот Исток не е можно да се постигне воено решение, изјавил шефот на ЦИА, Џон Бренан. Тој додал дека му е тешко да замисли дека земји како Либија, Сирија, Ирак и Јемен во иднина би можеле да имаат единствена влада, која би имала контрола над целата земја. Бренан, исто така, ги потврдил тезите што се јавуваат од почетокот на војната во Сирија дека политичката карта на Блискиот Исток поставени на крајот на Првата, а дефинирани на крајот на Втората светска војна дека сигурно ќе се менуваат, како што се променија и на подрачјето на Југославија.
Бренан заговара дипломатско-воено решение кое пред се има за цел разбивање на најопасната терористичка организација на тие простори, ИСИС.
– Треба да се спушти температурата, да дојде до деескалација на судирите, а потоа да се изгради одредена доверба меѓу страните кои постојат таму и кои сериозно се заинтересирани за мирно решение – рекол Бренан на конференција во Вашингтон.
Тој верува дека Русија без оглед на тоа што го зборува, сепак не го гледа Башар ал Асад како трајно решение за Сирија.
– Мислам дека Русите разбираат дека не постои воено решение во Сирија и дека е неопходно да постои некој вид политички процес, по кој за Асад повеќе ќе нема место – заклучува тој.
Со Бренан се согласува и Бернард Бајолет, шефот на француската надворешна разузнавачка агенција ДГСЕ.
– Блискиот исток каков што го познаваме е готов, се сомневам дека ќе се врати, изјавил Бајолет на конференцијата. Тој за пример ја зел Сирија, која во целост е поделена. Режимот контролира помал дел од територијата, скоро третина, додека северот е во рацете на Курдите, а истокот во рацете на ИСИС. Ништо поинаква не е ситуацијата во Ирак. Но шефот на француското разузнавање сепак верува дека регионот ќе се стабилизира.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Европскиот суд за човекови права пресуди: Имало тортура во тајни затвори на ЦИА во Романија и во Литванија
-
САД воведоа нови санкции за Русија, Москва смета дека е реванш за Сирија
-
Нови напади на Сирија: Соборени 9 ракети (видео)
-
Сирија од минута во минута: Асад порача: Сиријците не се плашат од НАТО, сега видовме дека оружјето им е застарено! (видео)