| четврток, 6 декември 2018 |

Србија купува руски ракети „С-300“

345875_russian-s300-antiaircraft-missile-system-ap_f

Србија ќе купи од Русија противвоздушни ракети од среден дострел „С-300“ за заштита од евентуални воздушни напади, објавија српски медиуми повикувајќи се на извори блиски на владата.

Српската делегација на чело со премиерот Александар Вучиќ која престојува во тридневна посета на Москва, преговара за купување на четири дивизиони од овие ракети кои ќе можат да ја заштитат речиси целата теротирија на Србија.

Србија ќе испрати до Русија вкупно четири барања за купување на вооружување и воена опрема. Едно од барањата е купување на ракети „С-300“, а за почеток би купиле еден дивизион додека Русија подоцна би испорачала уште три. Србија во договорот со Русија бара начин како ова вооружување да го добие по значително поповолна цена от актуелната на пазарот, велат владини извори за српски „Ало“.

Информацијта следува откако премиерот на Србија во Москва изјавил дека и понатаму се водат преговори со Русија за купување на оружје и вооружување, како и за можноста за ремонт на руски хеликотери во Србија. Вучиќ не сакал да каже кое оружје Србија сака да го увезе, наведувајќи дека за тоа се уште се преговара.

– Нема да набавуваме оружје кое може да се смета како офанзивно, но мораме да ја заштитиме својата територија – наведува Вучиќ.

Српските медуми го толкуваат потегот на Вучиќ како одговор на барањето на Хрватска до САД да им донираат 16 самоодни повеќецевни лансерни ракети „М270 МЛРС“, од калибар 240 мм. Ова оружје се води како воен вишок на американската војска, кое би можело да се прилагоди и за истрелување на балистички проектили со дострел од 300 километри. Набавката на овој систем во целост би ја променила геостратешката слика и воената рамнотежа во регионот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top