Лошите навики што ги применуваме во секојдневниот живот, можат да ги оштетат нашите заби.
Ако сакате да избегнете прерано да носите протези, навлаки или импланти, ви откриваме што може да ви штети на здравјето и убавината на вашите заби.
Цигари – Кај пушачите на забите се собира никотински пигмент, а подложни се и на многу болести. Ако пушите, имате двојно поголема шанса за прерано губење на забите, отколку со непушачите.
Пирсинг на јазикот – Постојаното удирање на металот од забите ќе ја оштети забната глеѓ.
Погрешна паста за заби и четкичка – Избегнувајте ги грубите четкички и секогаш избирајте мека или средно мека четкичка. Кога станува збор за пастата, секогаш решавајте се за таа што содржи флуор.
Забен камен – На талозите од каменот се собираат бактерии што им штета на забите. За да го решите овој проблем, двапати годишно одете на чистење на каменот.
Газирани сокови – Газираните пијалаци изобилуваат со шеќери, а кога ќе дојдат во допир со бактериите во вашата уста создаваат силни киселини кои им штетат на вашите заби.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



