Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер и австрискиот канцелар Вернер Фајман денеска имаа телефонски разговор, при што оценија дека „во Европа нема место за огради“, изјави вечерва портпаролката на Еврокомисијата, Наташа Берто.
Таа нагласи дека Јункер и Фајман се согласиле дека за избегнување на трагедија со бегалската криза потребно е да се имплементираат одлуките утврдени на мини-самитот што во неделата се одржа во Брисел.
Телефонскиот разговор меѓу Јункер и Фајман уследи по денешната најава на австриската министерка за внатрешни работи Јохана Микл-Лајтнер дека Австрија ќе подигне ограда на границата кон Словенија.
– Се работи за обезбедување на уредно и контролирано влегување во нашата земја, а не за затворање на границата, изјави Микл-Лајтнер, працизирајќи дека станува збор за изградба на ограда во должина од неколку километри околу греничниот премин Шпилфилд.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Мигранти зеле дрва за огрев од затворено кафуле во Грција и оставиле 10 евра
-
Мексико ќе ги депортира мигрантите кои насилно се обиделе да влезат во САД
-
Јункер напаѓа повторно: Кафен чевел за левата, црн за десната нога (видео)
-
Мигрантите го пробија кордонот во БиХ и се упатија кон хрватската граница (видео)



