| четврток, 6 декември 2018 |

Русите го уништиле командното место на терористите

Бомбардер Су-34 на руските воздухопловни сили го уништил командното место на терористичката организација Џабат ал-Нусра во сириската провинција Хомс, соопшти денес портпаролот на руското
Министерство за одбрана Игор Конашенков.
ruski avioni
Нападот бил изведен на командната позиција на екстремистите, припадници на групата Џабат ал-Нусра во областа Тел-Бисао, во провинцијата Хомс, рекол Конашенков, пренесува ТАСС.

Тој навел дека терористите воспоставиле командно и контролно место во двокатната зграда, во чија близина се наоѓале четири џипови со автоматски пушки од голем калибар.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top