Опцијата Other во пораките на социјалната мрежа Фејсбук оди во пензија.
Опцијата Other беше достапна само само на веб и најчесто пополнета со пораки од луѓе со кои не сме пријатели на Фејсбук, често и непримерни пораки.
-Сакаме Фејсбук месинџерот да го направиме место каде ќе можете приватно да се поврзете со било кој, но пораките ќе дојдат само до личноста која го сака истото, велат од Фејсбук.
Имено, пораките нема директно да завршуваат во вашиот “Inbox”, туку ќе добиете “Message Request” кој ќе ви го олесни читањето, или пак игнорирањето на таквите пораки.
Пораките од пријателите и телефонските контакни и понатаму директно ќе се појавуваат во инбокс.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.