Самоубиствениот напад на Маршот за мир во Анкара, во кој на 10 октомври загинаа 102 лица и над 500 беа ранети, е извршен по наредба на џихадистичката група „Исламска држава“, соопшти денеска турскиот обвинител.
– Утврдено беше дека групата од Газиантеп, која го изврши нападот, планирала напади во Турција откако добила директни инструкции од терористичката група Исламска држава во Сирија, изјави обвинителот на Анкара.
Целта била да се поткопа политичката стабилност во Турција и да бидат одложени парламентарните избори на 1 ноември, додаде тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.