| четврток, 6 декември 2018 |

Бродвејско шоу во МНТ- гледајте ги бесплатно сите настани од Корејските денови во Скопје

Kорејската музика, кинематографија и фотографија за првпат ќе бидат претставени пред македонската публика за време на „Деновите на Корејската Култура во Скопје“, манифестација која ќе трае од утре, 29, до 31 октомври и е во организација на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија.

– Ми претставува задоволство што ја имам можноста да го организирам овој културен настан за претставување на корејската култура на македонската публика за прв пат. Им благодарам на Министерството за култура и Министерството за надворешни работи за нивната поддршка за овој настан. Исто така сакам да ја изразам мојата благодарност до корејската туристичка организација за нивната финансиска поддршка. Ова е првото претставување на корејската култура пред македонскиот народ досега, па мислевме дека традиционална тема е најсоодветна за овој настан. Во име на тоа, на 29 октомври, првиот дел од програмата ќе се состои од корејска традиционална музика, на моменти и комбинирана со танц – изјави на денешната прес-конеренција амбасадорот на Република Кореја во Република Бугарија, Шин Менг-хо.

Shin Meng-ho - Ambasador na R. Koreja vo Bugarija

Првиот дел се состои од изведбата на ансамблот „Булсечул“, кој што креира традиционални, ритмички ноти и мелодии и ги преработува на уникатен начин, давајќи им нијанса на нов и модерен звук.

Вториот дел од концертот е одбележан со комичната невербална изведба на „Нанта“. Тоа е првото азиско шоу кое се појавило на Бродвеј. Нивниот театар е отворен 365 дена во годината, а го имаат посетено над 1 милион странски посетители, а за време на светската турнеја, „Нанта“ до сега настапиле во 51 земја, 289 градови, привлекувајќи странска публика над 2 милиони.

nanta_2

– Морам да нагласам дека Нанта е најпознатото шоу во Кореа, а исто така и многу познато во светски рамки. Силно препорачувам да го погледнете нивното шоу. „Булсечул“ и „Нанта“ репрезентираат две многу различни лица на корејската култура. Едното е филозофско, а другото динамично и пријатно – изјви амбасадорот.

На 30 и 31 октомври, во Кинотека на Македонија ќе се одржи „Корејска филмска одисеја”. Во текот на двата дена македонската публика ќе може да ги види некои од најгледаните современи корејски филмови.

Во исто место и време, во кинотеката луѓето ќе имаат шанса да бидат дел од изложбата на фотографии „Импресии Кореа”. Луѓето кои што ќе присутствуваат на филмскиот фестивал и изложбата на фотографии ќе имаат шанса да носат традиционални женски корејски костими и да се фотографираат во нив.

Влезот за сите настани е бесплатен.

Повеќе за настанот можете да дознаете на официјалната страница на „Фејсбук“ на Амбасадата на Република Кореја во Бугарија , како и на официјалниот настан на „Фејсбук“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top