| четврток, 6 декември 2018 |

Аневски: Седум јавни обвинители и специјалниот јавен обвинител се доволно за да работат

аневски

-Во овој момент немаме ништо ново за да заседаваме на седница, досега Советот за јавни обвинители одлучуваше двапати на барањата на специјалната јавна обвинителка- истакна денеска  претседателот на Советот за јавни обвинители Петар Аневски, по промоцијата на публикациите за антидискриминација во Академијата за судии и јавни обвинители, одговораќи на новинарско прашање дали Советот ќе заседава за комплетирање на тимот на Катица Јанева.

– Избрани се седум јавни обвинители од тоа обвинителство и со специјалниот јавен обвинител се осум, што е сосема доволно за да се почне со работа. Второто обраќање од обвинителката е повторно со истите имиња и нема никакви нови околности, дури имаме и уште едно обраќање каде што кажува дека евентуално ќе бидат оформени нови предмети и дека ќе има потреба од поголем број на јавни обвинители. Тоа е одлучено, определен е бројот на јавни обвинители и имаме објавено во Службен весник. Мислам дека непотребно се крева тензијата. Обвинителите требаше да дадат свечена изјава, меѓутоа таа упати апел да не доаѓаат што е невидена работа досега во Советот и мислам дека треба Специјалното јавно обвинителство да почне си работи, а во иднина да се размислува за зголемување на бројот на јавни обвинители – изјави Аневски.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top