Таму каде што постои љубов, постои и живот! Во името на животот и хуманоста саботната вечер пријателите од „Децата од нашата улица“ и ја посветуваат драгата пријателка Тања Крајновиќ која боледува од рак на коски и на која за продолжувањето на животот и се потребни лекарства кои за жал, чинат пари…
-Ги покануваме сите оние кои поминале незаборавни моменти во Галерија 8, да се собереме повторно, овојпат со заедничка мисија! Ќе Ви бидеме благодарни ако дојдете да и помогнеме на Тања со тоа што ќе донираме за нејзиното лекување! Кој колку може, кој колку сака 🙂 Во сабота, во Децата… пееме македонски со Џокси, овој пат во вистинска смисла на зборот… Обезбедивме микрофон за најхрабрите, па бујрум, предизвикајте го Џокси :), велат во својот повик организаторите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.