И мажите имаат „Г“ точка и оргазам за кој досега сигурно не сте знаеле.
Продавниците за сексуални помагала изминативе години најчесто правеа електрични апарати за жени, но трендот секогаш се менува. Причината е се позачестена приказна за машката „Г“ точка, а тоа е простатата.
-Масажа на простата дефинитивно станува се попопуларна, особено е запоставена од страна на хетеро мажите кои мислат дека ваквите работи се премногу хомосекусални, а тоа едноставно нема врска со вистината. Масажата мое да им ја прави и партнерката, а може и самите да си ја прават- вели Џес Том кој се занимава со произведување на секс играчки.
Тој објаснува дека машката „П“ точка( п како простата) има можност на мажот да му подари повеќекратни оргазми. Таа се наоѓа во близна на коренот на пенисот и има големина од една метална пара. Може да се стимулира рачно, а интересно е што на тој начин мажите може да имаат повеќекратни оргазми што некогаш им се припишуваше само на жените.
-Оргазмите настанати со стимулација на простата може да траат подолго, да бидат поинтензивни и помоќни- вели докторката Марта Росентал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.