Промоцијата на проектот Толковен речник на македонскиот јазик ќе се одржи на 29 октомври (четврток) во спомен-собата на Миладиновци во Градската библиотека „Браќа Миладиновци“- Скопје, со почеток во 12.00 часот.
Промотори ќе бидат проф.д-р Веселинка Лабровска и проф.д-р Лилјана Макаријоска.
Проектот Толковен речник на македонскиот јазик е проект од највисок национален интерес за македонскиот народ. Тој има за цел да ја фиксира лексиката во современиот македонски јазик во дадениот општествено- историски момент. Толковниот, или дескриптивниот речник е македонско- македонски речник, заглавните лексеми се толкувани на македонски јазик. Тимот што работел на реализација на проектот е оформен во 2000 година со формирање на редакција во состав: д-р Снежана Велковска како главен истражувач на проектот, д-р Кирил Конески како главен редактор на проектот и д-р Живко Цветковски.
Подготвителните работи за изработка на Толковниот речник на македонскиот јазик опфаќале оформување на огромен број картотеки, кои опфаќале преку 3.000.000 единици. Печатењето на проектот е финансирано од министерството за култура на Република Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.