Во изминатите 24 часа издадени се потврди за барање азил на 3.445 странски државјани, од кои 1.919 се од машки пол, 543 се од женски, 742 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 241 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Авганистан – 1.822, Сирија – 1.222, Ирак – 173, Иран – 104, додека другите се во помал број.
Во периодот од 19 јуни годинава до 28 октомври издадени се потврди на вкупно 186.423 странски државјани. Од нив, 115.606 се од машки пол, 26.651 се од женски, 35.510 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 8.656 деца кои патуваат без родител.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија – 123.071, потоа Авганистан – 35.209, Ирак – 14.427, Пакистан – 4.095, Иран – 3.071, Палестина – 1.628, Сомалија – 955, Бангладеш – 889, Конго – 487, Нигерија – 251, Камерун – 222, Еритреја – 212, додека останатите се во помал број.
Во изминатите 24 часа до Одделението за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Од започнувањето на издавањето на потврдите до денеска до Одделението за азил се поднесени 70 барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда. Притоа, 51 барање е од државјани на Сирија, од нив 15 за деца, потоа пет барања од државјани на Авганистан од нив четири се деца кои го придружуваат родителот, три барања од државјани од Пакистан, по две барања од државјани од Мароко, Либан, Палестина, Алжир и Ирак (четири од барањата се за деца) и едно барање од државјанин на Египет.
ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 27 октомври евидентирал вкупно 5 баратели на азил, сите мажи. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита 3 баратели на азил ( малолетно лице со придружба на старател и двајца мажи) се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст