| четврток, 6 декември 2018 |

Голема полициска акција во Скопско и Куманово, нови претреси за нападот во Дива населба

Голема полициска акција од утрово се одвива во Куманово и Скопско.

Macedonian police engaged in action against alleged armed group, reports say

Според првичните информации полицијата постапувала по наредба на Основото јавно обвинителство, а извршени се претреси во неколку објекти.

Лицата за кои постои сомневање дека биле дел од терористичката група од Дива населба, не биле пронајдени за време на претресите и по нив се трага.

За време на претресите во скопско  Арачиново, како и во кумановско биле пронајдени материјални докази кои се подигнати и дополнително ќе се вештачат.

Лицата се бараат по член 313 од Кривичниот закон поради сомневање за сторено терористичко загрозување на уставниот поредок.

МВР потврдува дека утринава се одвивала полициска акција, но сите детали ќе бидат соопштени во текот на денот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top