| четврток, 6 декември 2018 |

Бучковски: Државните интереси за СДСМ не се во прв план

Поранешните членови на СДСМ по апелите на меѓународната заедница за враќање на опозицијата во Собранието, сметаат дека треба да се води институционална битка и само во институциите да се бара решение за политичката криза, пишува Дневник

index

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ Владо Бучковски и Димитар Бузлевски, поранешен член на СДСМ сметаат дека парламентот е единственото место за решавање на сите политички прашања.

– Социјалдемократите во изминатиот период градеа имиџ дека се партија која во преден план ги става државните интереси. Повеќе не сметам дека е така. Мора со сериозност да се примаат пораките од меѓународната заедница, кои говорат дека се наоѓаме во исклучително важен момент и кога е можно приближување на ставовите во 15-годишниот проблем за името – вели Бучковски за Дневник.

Веќе исклучените функционери од СДСМ не очекуваат набргу опозицијата да се откаже од идејата за бојкот на локалните избори.

И двајцата според пишуањата на весникот, решението го гледаат само во седнување на иста маса со ВМРО-ДПМНЕ и во преговарање за барањата на опозицијата.

Бузлевски вели дека не може во период кога се с` пореални евроинтеграциите на Македонија, најголемата опозициска партија да ги решава проблемите од улица и да го врти вниманието на меѓународната заедница во погрешна насока.

– Со последните случувања вниманието на Европската унија се врти кон улицата, а не кон клучните прашања за државата – вели Бузлевски во изјава за Дневник.

Тој додава дека опозицијата не смее ниту да помисли со ваков чекор да ја преземе власта.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поврзани вести

Top