| четврток, 6 декември 2018 |

„Ванхауте“, партиска награда за одржување курс на СДСМ

СДСМ објави внатрепартиски конкурс за најдобра фотографија „Питер Ванхауте“ во чест на познатиот белгиски фотограф познат и како „Ван Хојте“, но и како „ван Хут“. За сега не се најавува изложба на делата од овој конкурс, но во план е заедничка поставка со делата на белгискиот автор. На конкурсот може да учествуваат сите младинци и младинки од фото клубот СДСМ, кои што учествуваат на блиски средби и обуки кај белгискиот експерт по религии, кој во слободно време работи како медијатор во регионот.

SDSM-Vanhoute

Не се открива кои напредни тајни белгискиот уметник им ги пренесува на партиските омладинки, но од СДСМ откриваат дека тие се френетично возљубени во неговото дело и начин на работа.Vanhoutte
Во меѓувреме, од објективни причини и субјективно посредување, Ванхауте ја сокри од јавноста инспиративната фотосесија направена во Скопје, проследена со коментари, по неконтролираното споделување на фотографиите од неговиот фан- клуб во СДСМ.

vanhoutte1СДСМ не открива колкави се нивните реални трошоци кон Ванхауте за одржување на курсот на СДСМ, дали во нив се пресметани и трошоците за медијаторство од 900 евра дневно, или за тоа постои посебна сметка, дали пресметковниот курс е според НБРМ или според специјалната менувачницата „Вице“, како и дали тие се покриени од издавањето недвижнини сами на себе, или од акцијата „едно евро зад бишкарнико“.

Bbdi9MaIIAErsAgУметникот- медијатор, пак, според извори блиски на партијата, ветува дека дел од заработеното од одржувањето на курсот на СДСМ за време на преговорите, ќе го вложи во лична надградба со посети кај долгогодишниот посредник на ООН Метју Нимиц, со цел во философско- религиската размена на размисли да се дојде до вистинскиот одговор што е, а што не е етичко однесување за време на извршување на медијаторската функција.

Петел Бодичек

***  Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

Петел Бодичек

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top