Целиот свет минатата недела беше шокиран од веста дека Светската здравствена организација, наводно, има намера сланината, колбасите и други производи од меса да ги прогласи за предизвикувачи на рак.
Позната српска писателка Исидора Бјелица, која веќе неколку години и самата се бори со ракот, навела на „Твитер“ што мисли за оваа тема.
Исидора напишала дека не ги консумирала производите за кои овие денови толку многу се пишува.
-Не јадев ниту колбаси, ниту сланина ниту, пак, пушев цигари, ниту пиев алкохол. Тагата е најканцерогена, неа, пак, ја имав во галони – наведува писателката.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.