| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалци не сакале да излезат од автобус во Шведска: Овде е премногу ладно!

begalci svedska

Група бегалци одбила да излезе од автобус кој ги транспортирал во Шведска, тврдејќи дека селото во кое ги довеле е изолирано и дека во него е премногу ладно.

Околу 60 бегалци од Сирија и од Ирак во неделата вечер стигнале во местото Ломедсфорсен во близина на границата со Норвешка, каде што требало да бидат сместени во дрвени куќи додека не биде разгледано нивното барање за азил.

Но, најмалку третина од нив одбиле да се симнат од автобусот кога сфатиле дека се наоѓаат во шума, на десет километри оддалеченост од најблискиот град. Тие барале да ги префрлат во голем град, или во Германија.

Шведската агенција за бегалци соопштила дека тоа сместување е најдоброто што можат да го обезбедат затоа што таа земја досега прифатила премногу емигранти – околу 10.000 неделно.

Шведска, која има околу 9,8 милиони жители годинава ќе прими 190.000 барања за азил.

Сепак, долгата зима во текот на која температурата паѓа на минус 30 степени претставува голем предизвик за бегалците кои доаѓаат од топлите краеви.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top