| четврток, 6 декември 2018 |

Чешка: Бегалската криза во ЕУ да се решава во Сирија

brisel2014918171834

Чешка инсистира на ставот бегалската криза во ЕУ да се реши со надминување на кризата во Сирија, порача чешки пратеник во Европарламентот и додаде дека Чешка направила доволно помагајќи им на емигрантите на логистички и финансиски план.

– Нагласуваме дека кризата во Сирија може да се реши мирно, па бегалците не би имале причина да заминуваат од таму – рекол Јиржи Масталк.

– Како второ, помагаме на два начина, регулирајќи прилив на бегалци со поддршка на граничните земји на шенгенот и со полициски и воени сили и опрема, како и со пари за хуманитарни цели – додал тој.

Чешка упорно се спротивставува на планот на ЕК бегалците да се распоредуваат според системот на квоти.- Мислиме дека не треба да се воведуваат квоти. Чешката Република не е виновна за кризата во Либија, ниту за бомбардирањето и уништувањето на Сирија – рекол Масталк.

Масталк, исто така, предупредува дека „ако политиката кон приемот на мигрантите не е доволно остра, тогаш тоа може многу да ја чини државата“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top