| четврток, 6 декември 2018 |

Државниот студентски дом-Скопје најостро реагира и го демантира „Плусинфо“

Државниот студентски дом-Скопје најостро реагира и го демантира порталот „Плусинфо“ кој објави натпис под наслов „Гратис бубашваби во студентскиот дом ’Гоце Делчев‘“.

-Во интерес на вистината би сакале да информираме дека Државниот студентски дом – Скопје, согласно правните прописи редовно врши дезинфекција, дезинсекција и дератизација на просториите во рамки на сите студентски домови над кои ја има надлежноста. Имајќи предвид дека како и сите останати капацитети кои се дел од воспитно – образовниот процес на учениците и студентите, подлежиме на редовни инспекциски надзори, со полна одговорност информираме дека во изминатиот период не е констатирана никаква неуредност, ниту било какви други пропусти, за што постои и писмена документација, додаваат од Државниот студентски дом – Скопје.

Апелираат, во иднина, пред да биде објавен било каков текст со содржини слични на денешната, новинарски професионално и етички да се побара став и од страната која се критикува и на лице место да се провери и утврди фактичката состојба.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top