| четврток, 6 декември 2018 |

Чудото на Света Петка: Докторите му рекле дека умира, но се спасил со вода

Еднаш бев на работ на смртта, сите ме отпишаа. Во тој момент, сакав само да оздравам, а знаев дека тоа не може да биде освен со помош на Бога“ – го почна својот разговор Миодраг Тодоровиќ, пишува порталот „Во Штип“.

Тодоровиќ изјави оти верува дека само преку верата, молитвата и самиот Бог се спасил од проблемите во кој бил.

Бидејќи еднаш бев во многу лоша состојба, посакав да добијам вода од Света Петка. Таа ноќ додека бев во шок собата, лекарите ми рекоа дека веројатноста да умрам е 99 отсто, само еден 1 отсто ми дадоа дека ќе преживеам. Беше 10 часот навечер, а јас цело време размислував за тоа кога ќе дојде некој да му кажам што ми е потребно.

Дојде докторот после некое време, ме праша дали може нешто да ми донесе, нешто што ми е потребно и му побарав вода од Света Петка. Ми кажа:„Добро, ќе ти донесам утре“, на што јас го замолив тоа да го направи вечерта.

„Инаку имав сепса и беше прашање на време кога ќе умрам. Утрото, кога брат ми ми донесе вода помислив:„Сакам да ја испијам оваа вода па нека умрам“. Другиот ден ми беше подобро и состојбата почна да ми се поправа. Во меѓувреме искрено се молев.

Додаде дека редовно, пости од кога знае за себе и неговата ситуација е само уште една потврда дека во Бога е спасот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top