Медиумите кои ги контролира опозициската СДСМ денеска објавија текстови во кои повторно со лаги сакаат да го оцрнат претставувањето на Претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов во Брисел. Имено, поголемиот дем од овие медиуми се потсмеваа поради тоа што Претседателот Иванов се обрати на македонски јазик.
Денеска Претседателот ги демантираше лагите кои ги објавија медиумите на СДСМ.
-Во Европската Унија секој си зборува на својот јазик. Борисов зборува на бугарски, Ципрас на грчки, Меркел на германски. Се додека сум претседател ќе си зборувам на македонски јазик, а кога држам предавања тогаш зборувам на англиски јазик. Како претседател на Македонија, јас си го чувам својот јазик, рече претседателот Ѓорѓе Иванов на денешниот брифинг со новинарите за бегалската криза, по враќањето од Брисел, во вилата Водно.
Додаде дека во својство на професор, понекогаш предавањата ги држи на англиски јазик.
– На некои патувања кога имам предавања, се обраќам на англиски јазик, додека во политичка институција, во Европската унија, во Обединетите нации секогаш ќе го говорам македонскиот јазик, како што Путин го говори рускиот, Меркел германскиот, како Обама англискиот, рече претседателот Иванов.
Јас како претседател, рече Иванов, го чувам македонскиот јазик.
– Тоа е и начинот да си го чуваме и докажуваме нашиот индентитет, кога другите ни го оспоруваат, објасни претседателот Иванов на денешниот брифинг со новинарите, свикан по повод учеството на македонскиот претседател на Лидерскиот самит посветен на мигрантската криза, одржан во неделата во Европската комисија во Брисел.
Тој објасни дека на вечерата во Брисел сите земји си имале свои кабини каде што се вршел преводот, но Македонија бидејќи не е членка на ЕУ нема таква кабина, а разговорите во овој дел се воделе на јазикот на земјата.
Иванов рече дека со себе носел официјален преведувач, но тој бил во кабината, а не со него на прес-конференцијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани