| четврток, 6 декември 2018 |

Шеќеринска предизвика смрт кај 34 магариња

radmila sekerinska2

 

Огромен помор на добитокот се случи пред неколку дена во битолкиот регион, откако потпретседателката на СДСМ Радмила Шеќеринска се појави на пазарот во Битола.

Сопствениците на 34 магариња во Битола и битолско пријавија изненадна смрт на нивниот добиток во рок од час и половина во четвртокот 22-ри октомври. 34-те различни случаи на смрт на магариња се случиле во периодот меѓу 13:00 и 14:30 часот на различни локации во битолскиот регион, со што овој изненадувачки помор на магариња во прв момент тотално ги шокирал градските власти.

Биле испратени екипи на терен, но не пронашле никаква сомнителна околност поради која на различни места 34 магариња умреле ненадејно во рок од само час и половина.

Мистеријата била решена неколку часови подоцна, откако се дознала информацијата дека Радмила Шеќеринска во истиот ден била во прошетка низ пазарот во Битола.

Експертите за паранормални појави сведочат дека е сосема нормално да пцовиса магаре кога ќе има ретко случување со библиска тежина, меѓутоа да умрат 34 магариња во ист момент значи само едно: Радмила Шеќеринска на битолскиот пазар може да се класифицира како вистински феномен.

Неофицијално, истрагата покажува дека најмногу магариња во ист момент – дури 14, умреле кога Шеќеринска облечена во парчиња облека со вкупна вредност од 4.200 евра, застанала да разгледа турски маички и капути во еден дуќан од битолскиот пазар.

Засега нема информации дали потпретседателката на СДСМ ќе сноси одговорност поради угинувањето на магарињата, меѓутоа неофицијално од стопанската комора информираат дека размислуваат за воведување забрана за влез на Шеќеринска на пазарите низ Македонија – за секој случај.

 

 Кромиди Запад

Кромиди Запад

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top