Република Македонија и Обединетите Арапски Емирати паралелено со политичките односи треба да работат на засилување на економските односи. И двете страни се посветени на градење дијалог помеѓу двете земји кој ќе води кон унапредување на заемните односи.
Ова, како што соопштува владината прес-служба, е истакнато на средбата на премиерот Никола Груевски со министерот за меѓународна соработка и развој на ОАЕ, шеикот Лубна Бинт Калид Ал Касими, која се одржа во Емиратот Абу Даби, а во рамки на посетата на Обединетите Арапски Емирати.
На средбата стана збор за опциите за соработка на конкретни инфраструктурни проекти, во делот на можностите за заедничка соработка во изградба на комунална и образовна инфраструктура, како и можностите за соработка во областа на туризмот и земјоделството. За оваа цел договорено е нашите институции да преземат чекори за воспоставување комуникација и односи со Фондот за развој на Емиратот Абу Даби, со кој субјект би се разгледувале проекти од наведените области и би се детализирале можностите за соработка.
Соговорниците разговараа за предизвиците произлезени од бегалската криза и за можностите за нивно менаџирање и надминување, при што беше истакнат заедничкиот став дека најдобар начин за надминување на тие предизвици е координирано и заедничко дејствување на меѓународната заедница.
Двете страни разговараа и за други теми од билатерален и од мултилатерален карактер.
Министерството за меѓународна соработка и развој на ОАЕ е координатор на развојните проекти кои се поддржуваат со финансиските средства од страна на ОАЕ, во вредност од повеќе милијарди американски долари на годишно ниво.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии