| четврток, 6 декември 2018 |

Уште еден пораз за Фенербахче, Антиќ солиден

Fenerbahce vs Bayern Munich

По убедивиот пораз од Стразбур во Евролигата, Фенербахче вечерва повторно загуби и тоа на домашен терен пред своите гледачи. Во домашното кошаркаркос првенство, клубот во кој настапува македонскиот интернационалец Перо Антиќ со само еден поен изгуби од Коњаспор (73-74).

Антиќ повторно беше меѓу најефикасните во својот тим реализирајќи 11 поени, зад Удох со 17, Весели со 13 и Диксон со 12 поени.

Шанса за поправен Фенербахче ќе има за неколку дена, на следниот евролигашки натпревар на домашен терен против Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top