Очекувам одговорно однесување од политичките партии затоа што самите лидери на партиите одлучија во тој формат да се сретнуваат и на тој начин да изнајдат излез од кризата, кога ја презеле обврската да најдат решение, нивна е и одговорноста, истакна вечерва претседателот Ѓорге Иванов во интервјуто за ТВ Сител, коментирајќи ја актуелната политичка криза и разговорите меѓу политичките лидери.
Македонскиот претседател уште еднаш повика на дијалог, притоа нагласувајќи дека преку разговор и дијалог може да се најдат решенија, кои понекогаш се резултат и на компромис, во кој нема ниту победени ниту поразени.
– Шесте препораки за почеток на преговорите што досега сме ги стекнале се огромен капитал кој не вреди туку така да се изгуби – порача Иванов. Запрашан за тоа дали за политичката ситуација во Република Македонија разговарал со претседателот на Европската комисија, Жан Клод Јункер, македонскиот претседател истакна дека на средбите со Јункер, со еврокомесарот Јоханес Хан, како и со високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Федерика Могерини, го информирале дека ги следат сите состојби во земјава, и очекуваат конкретни решенија, односно исполнување на договореното.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


