| четврток, 6 декември 2018 |

До цврсти гради со само еден домашен рецепт

fotolia_20975267_xl

Голем дел од жените во одреден период од својот живот се соочуваат со проблемот со опуштени гради, најчесто после породувањето или поради некои други причини.

Но, таа појава не треба да ве исплаши бидејќи и за тоа постои решение. И тоа сосема природно.

Секако дека постојат најразлични креми и останати препарати кои што се достапни и на нашиот пазар, а кои што се нудат како решение за овој проблем, но ваквите препарати се често и доста скапи, а со тоа и генерално недостапни за повеќето жени.

Токму затоа ние ви нудиме едноставно и лесно решение за кое што ќе ви треба малку пари, но добра волја и неколку минути слободно време.

Потребни состојки: 1 свежа краставица и 1 белка изматени во блендер. Во друг сад изматете жолчка со една мала лажичка путер или павлака додека да добиете мазна смеса. Смесата од краставица и белка додадете ја во другата и добро промешајте додека да се соединат. Откако сте ја подготвиле маската, нанесете ја на градите и оставете ја да делува барем 30 минути. После третманот градите исплакнете ги добро со студена вода.

Оваа маска користете ја еднаш неделно и резултатите ќе бидат загарантирани.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top