| четврток, 6 декември 2018 |

Драма над аеродромот во Јоханесбург во авион на „Бритиш ервејс“ (ФOTO)

2DCCF38900000578-0-image-a-60_1445861374263

Авион на „Бритиш ервејс“ остана без тркало кратко пред слетувањето на аеродромот во Јоханесбург. Благодарение на присебноста на пилотот, авионот сепак успеал да слета и никој од патниците и од членовите на екипажот не бил повреден.

Вистинската драма започнала кога при слетувањето авионот силно удрил на земјата, па се скршило едно од крилата.

2DCCF46A00000578-3289882-image-m-2_1445861791661

Авионот со 94 патници летал од Порт Елизабет до Јоханесбург, а неколку секунди пред да слета пилотот им пренел страшна порака на патниците

– Останавме без едно тркало – јавил тој.

2DCCF2F100000578-0-image-m-59_1445861359369

– Сè се случи брзо. Се слушна силен удар и потоа почна авионот да се тресе. Тркалото падна, а авионот сосема се накоси. Видов како летаат искри кога тркалото го допре дното. Потоа сфатив дека крилото на авионот пукнало – изјавил еден од патниците.

– Потврдуваме дека никој не е повреден. Патниците се во зградата на аеродромот и сите служби им се на располагање. Инцидентот се случил по проблем со тркалата при слетувањето – соопштиле од авионската компанија.

 

Во моментот на инцидентот во авионот имало 94 патници.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top