| четврток, 6 декември 2018 |

Можеби ви звучи смешно, но обликот на прстите зборува многу за вас

Тип А

  • Имате тенденција да ги криете вашите чувства и да се однесувате меланхолично.
  • Често се преправате дека сте цврсти и кул, и понезависни одошто навистина сте.
  • Во суштина, вие сте доста емотивен тип. Се поставувате фино кон луѓето што ги запознавате.
  • Вие сте фер личност која мрази лаги, хипокризија и измама.
  • Малку сте ексцентрични и арогантни. Не можете да поднесете многу нешта.
  • Имате големо срце и сакате да помагате.
  • Ја завршувате секоја зададена задача дури и ако не сакате.
  • Многу сакате да се смеете и го правите тоа дури и кога нешто не ви е многу смешно.
  • Сите ваши мисли можат да се видат преку вашите експресии.
  • Ладни сте кон луѓето со кои не сте многу блиски, но доста емотивни кон оние со кои сте.

Тип Б

  • Не сте навикнати да преземате иницијатива за да им пријдете на луѓето.
  • Многу сте лојални. Штом се заљубите во некој, ќе им го дадете целото свое внимание и секогаш ќе мислите на нив.
  • Вие сте во суштина многу чувствителни, но не изгледате како да сте, бидејќи често штитите нечии чувства преправајќи се дека не знаете ништо.
  • Штом одлучите да направите нешто, максимално ќе се трудите да го завршите докрај.
  • Се плашите да бидете повредени, па се преправате дека ви е добро да сте сами, но всушност не ви е.
  • Останувате смирени дури и кога се чувствувате многу вознемирени поради нешто.
  • Изгледате како силна и независна личност која секогаш зборува остро иако имате меко срце и лесно можете да бидете повредени однатре.
  • Сакате да си замислувате разни нешта. Секогаш сонувате за некој што ќе ве разбира и сака и ќе ви дава сѐ што ќе посакате.

Тип В

  • Лесно се трогнувате.
  • Лесно се откажувате од нештата кои ве прават лути и не сакате да држите лутина.
  • Не сакате предизвици и не сакате да се занимавате со нешто што ви е непознато.
  • Го почитувате мислењето на другите луѓе.
  • Понекогаш може да сте наметливи. Вашето его е многу големо кога се расправате, но потоа први се извинувате.
  • Секогаш ги чувате вашите чувства и проблеми само за себе.
  • Не сакате да се преправате и добро знаете што сакате, а што не.
  • Сакате луѓето да ви веруваат и да се потпираат на вас.
  • Имате меко срце и лесно можете да бидете повредени, па штом некој ви се извини, веднаш простувате бидејќи не можете да поднесете да бидете скарани со некого премногу долго.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top