| четврток, 6 декември 2018 |

Toдоров е министер за здравство, соросовите медиуми во нова лага, просо сонуваат

Медиумите на СДСМ и на Сорос утрово објавија уште една во низата лаги и манипулации искористувајќи ја оставката на пратеникот Ромео Тренов. Според овие медиуми, Тренов ќе го наследел Тодоров во Министерството за здравство.

Денеска на новинарско прашање директорот на центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ, Иво Котевски одговори дека комплетно се неточни информациите што ги објавија некои медиуми кои ги уредува опозицијата. Министерот за здравство Никола Тодоров останува на својата позиција.

Пратеникот Ромео Тренов си поднесе оставка бидејќи е именуван за независен член на Одборот на директори на новоформираното акционерско друштво „Водостопанство“. Никола Тодоров останува министер за здравство – изјави Котевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top