| четврток, 6 декември 2018 |

Утре е света Петка, со Петковден почнуваат зимските празници

Според календарот на Македонската православна црква, утре е Преподобна Параскева – Петковден.

Култот кон света Петка кај нашиот народ е многу раширен.

Св. Петка се смета за заштитничка од разни несреќи, но и од многу болести, поради што народот ја нарекува уште и мајка Параскева.

Голем број лековити извори се поврзани со нејзиното име и се наречени Петочни води. Голем број македонски семејства Петковден го празнуваат како домашен празник со служби посветени на св. Петка, со чекање гости и со други обичаи и свечености.

Именден празнуваат: Петко, Петкана, Параскева, Пенка…

Во народот Петковден се смета за почеток на зимските празници што следуваат и што се проследени со домашни служби, како што се Митровден, Св. Ѓорѓија, Аранѓел, Св. Никола и др.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top