Сезонските депресии не се клинички и не бараат лечење и терапија, но како нивна последица може да се јави песимизам, а решението за заморот и за недостаток на енергија, да премине во лежење во кревет.
Најчести симптоми на депресија се зголемени главоболки, тегоби со варењето, воспалителни процеси кај цревата, промена на прехранбените навики како прејадување или пак целосно избегнување на храна, болки во зглобовите и мускулите.
Лекарите, заради недостаток на време и средства, како прво решение на тешкотиите поврзани со депресијата, ќе препишат антидепресиви, кои не се соодветни за поблаги нарушувања, туку го навикнуваат мозокот на вештачко чувство на смиреност.
Тие го блокираат дејствувањето на хормонот на стрес, но се моментно решение. Наместо со нив, најдобро е против есенската депресија да се борите со природни препарати и со здрави животни навики.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.