| четврток, 6 декември 2018 |

Утре почнува проектот „Радио Слободно Скопје“ од уметникот Ѓорѓе Јовановиќ

Новиот проект на уметникот Ѓорѓе Јовановиќ, насловен „Радио Слободно Скопје“, кој ќе почне на 27 октомври (вториник), е шестдневен радио проект (стриминг – интернет-радио), во текот на времетраењето на овој проект ќе се емитува програма со различни содржини од кои 20 часа се продуцирани специјално за овој прект. Мобилна/монтажна галерија ќе биде трансформирана во објектрадиоприемник, а внатрешноста на галеријата ќе биде претворена во студио.

лого финал copy2 copy

Проектот е реализиран во соработка со Центарот за современи уметности од Скопје и радио МОФ, а отворањето на „Радио Слободно Скопје“, ќе се случи во 21 часот во Мобилна/монтажнагалерија во Паркот на франкофонијата, од каде програмата на „Слободно Радио Скопје“ ќе се емитува 24 часа.

„Радио Слободно Скопје“ во текот на шест дена ќе биде отворен медиум за визуелните уметници, музичарите, теоретичарите,социолозите, студентите, работниците, активистите и граѓаните што ќе ги претстават своите идеи и предизвици штопроизлегуваат од тековните политички и економски потреси, нивните ставови и размислувања за иднината. Во форма наинтервјуа, музика, анализи, радио драми, овој проект има за цел да ја преиспита радио формата, да развие поинаквозначење на радиото како медиум и да биде место од кое слободно ќе се говори и размислува.

– „Радио Слободно Скопје“ се разви како природен бунт поради сеопштата репресија на слободата на изразување и на мислата. Наша цел е да укажеме не само за тој сегмент на медиумските слободи во Македонија, туку и за сè потесниот простор што културните содржини го имаат во електронските и пишаните медиуми кај нас. Тоа што е, исто така, важно во овој турбулентен период на политички и економски промени е повторно да се постават прашањата во врска со нашата заедничка иднина, солидарност и одговорност на секој поединец. Се покажа дека, со цел да се движиме напред или направиме пресврт, од време на време нашиот поглед мора да биде усмерен во ретровизорот – вели Јовановиќ.

Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура на Република Македонија, УСАИД Македонија и Радио МОФ

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top