| четврток, 6 декември 2018 |

СЗО: Месните преработки предизвикуваат канцер

Месните преработки може да предизвикаат рак на цревата кај луѓето, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО).

Агенцијата за истражување за рак, која работи во рамки на СЗО, шунката и виршлите ги смести во првата група, заедно со цигарите, азбестот и дизелските гасови за кои постојат доволно докази дека може да предизвикаат канцер.

Агенцијата утврдила дека има поврзаност со канцерот на цревата, но постои и поврзаност и со ракот на панкреас и на простата, се наведува во соопштението.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top