Во Милано синоќа се доделеуваа Европските музички награди од „Ем-Ти-Ви“, а победник на вечерта беше канадскиот поп-пејач Џастин Бибер.
Покрај неговите освоени пет награди, вечерта ја обележа и црвениот килим, на кој преовладуваа многу комбинации на црна боја и предлабоки деколтеа.
Доделувањето на европските МТВ награди забележа повеќе од 603 милиони гласови на фанови од целиот свет, а меѓу добитниците на наградата се најдоа и Џастин Бибер, Ед Ширан, Ники Миназ, Ван дајрексн (One Direction), Ријана, Меклемор&Рајан Луис, Тејлор Свифт.
Рок хероите Дуран Дуран се наградени со прва награда на МТВ Видео Визионер која се доделува на пионирите во историјата на музчките спотови.
Еден од презентерите беше и најдобриот тенисер во светот Новак Ѓоковиќ. Придружуван од неговата сопруга Јелена, Ѓоковиќ прошета по црвениот килим пред почетокот на доделувањето на европските МТВ ЕМА награди.
Српскиот тенисер го соопшти името на добитникот на наградата за најдобар хип-хоп изведувач. Награда припадна на Ники Миназ која не беше таму лично да ја преземе наградата.
Следното доделување на МТВ ЕМА наградите во 2016 година ќе биде одржана во холандскиот град Ротердам.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.