| четврток, 6 декември 2018 |

Луис Хамилтон ја одбрани титулата во Формула 1 на три трки до крајот на сезоната

Актуелниот освојувач на титулата во Формула 1, возачот на Мерцедес Луис Хамилтон, ја одбрани титулата откако триумфираше и во Остин, за Големата награда на САД.
Тој на три трки до крајот на сезоната има недостижна предност од 76 бода пред Себастијан Фетел и 80 пред клупскиот колега Нико Розберг.
Хамилтон сосема заслужено ја одбрани минатогодишната титула влегувајќи во аналите на Формула 1 со три шампионски титули, и меѓу возачите кои успеале две сезони едноподруго да стигнат до шампионската круна.

На трката во Остин, која за време на викендот беше пратена со лоши временски услови, Хамилтон до победата стигна откако во 46-от круг успеа да го претекне клупскиот колега Нико Розберг, кој заврши на втората позиција, а на третото место трката ја заврши Себастијан Фетел.

2015 FORMULA 1 USA GRAND PRIX

Хамилтон титулата ја освои откако успеа во Остин да освои два бода повеќе од Нико Розберг, а девет бода повеќе од Себастијан Фетел, станувајќи првиот Британец на кого му успеа тоа. Во Остин дојде до десеттата победа оваа сезона, а 43-та во кариерата.

Исто така се придружи на друштвото на возачи кои досега стигнале до три титули во Формула 1, Аиртон Сена, Џеки Стјуарт, Џеки Бребам, Ники Лауда и Нелсон Пике. Пред нив се само Себастијан Фетел и Алан Прост со по четири титули, Хуан Мануел Фанџо со пет и Михаел Шумахер со седум титули.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top