Словенечкиот премиер Миро Церар по состанокот ЕУ- Балкан во Брисел рече дека е задоволен од договореното, но и дека заклучоците треба да се почитуваат и спроведат инаку би значеле почеток на распаѓањето на ЕУ. Доколку обврските околу мигрантите не се почитуваат, Словенија ќе делува самостојно, посочи премиерот Церар, но не откри ништо конкретно.
-Преземените обврски се силни, тоа е чекор напред но во следните недели и месеци ќе бидат потребни нови чекори, првенствено договорот за соработка со Грција, што следните недели би можело да биде решено- додаде Церар.
Церар посочува на заклучоците, според кои ќе бидат зголемени прифатните капацитети на Грција, ќе се воведат дополнителни контроли при влез на мигрантите на националните граници на нивната рута, а и државите се обврзаа подобро да соработуваат о информирањео за движењео на мигрантскиот тек и во неговата контрола се додека не се намали.
Доколку обврските не се почитуваат, врските меѓу членките на ЕУ би ослабнале, а на Унијата би и се заканило распаѓање и самостојно делување на државите членки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.