| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“

Меѓународниот театарски фестивал „Скупи“ ќе се одржува од 27 октомври до 1 неоември под мотото „Подобар поглед“.

skupi_fest (1)

Во рамки на фестивалот на сцената на Младинскиот културен центар во Скопје ќе бидат одиграни осум европски претстави.

Отворањето на фестивалот е закажано за вторник, 27 октомври со претставата „Шопинг анд факинг“ на Марк Равенхил, како копродукција меѓу Националниот театар на Приштина и Урбан театар од Приштина, Косово.

Фестивалот ќе биде затворен со „Куќата на гневот“, чијшто текст е базиран на стихови на Федерико Гарсија Лорка, како и на поеми на Рафаел Алберти, Мигел Ернандес и на Диана Добрева, а во продукција на бугарскиот театар Взраждане. Режисерка на претставата е истакнатата Диана Добрева.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top