| четврток, 6 декември 2018 |

Која храна го намалува холестеролот?

Холесторолот е маст која се наоѓа во крвта и е неопходна за функционирање на нашите клеточни мембрани. Нашите тела сами го произведуваат холестеролот кој ни е потребен, со што нема потреба да се внесува дополнителен холестерол. Истражувањата покажуваат дека високите нивоа на холестерол го зголемуваат ризикот од срцеви болести и мозочни удари. Meѓутоа, постои храна која го задржува добриот, а го намалува лошиот холестерол.

Заменувањето на заситените животински масти и други храни кои имаат високи нивоа на холестерол со поздрави масти како оние на маслиновото масло, маслото од кикирики, маслинките и авокадото претставува едно од најмоќните нешта со кои може да доживееме драстично намалување на лошиот холестерол.

Овес и ориз

– го намалуваат холестеролот за 7-14%.

Трици, особено овесните трици се покажаа врвно ефективни во намалување на холестеролот. Додавањето леб со трици во нашата исхрана, како и јадењето на овес секое утро, и се разбира замените со интегрален ориз покажуваат дека нашиот холестерол може значително да се намали.

Ленено семе

– го намалува холестеролот за 8-14%.

Истражувањата покажуваат дека со внесот на 50 грама ленено семе во нашата исхрана кај млади возрасни го намалува холестеролот за 8 %, а 38 грама на ленено семе секој ден го намалува холестеролот за 14% кај луѓе со висок холестерол (хиперхолестерололемија).

Лук

– го намалуваа холестеролот за 9-12%.

Истражувањата покажаа дека со половина главица на лук дневно холестеролот може да се намали од 9 до 12%. Во салатите со лук најдобро е да се додаде маслиново масло за поголема ефикасност.

Бадеми

– го намалуваат холестеролот за 7-10%.

Неколку истражувања пријавуваат дека јадењето на пола чаша на бадеми може да го намали холестеролот за 10%. Бидејќи бадемите се високо калорична храна, не е препорачливо да се јаде повеќе од половина чаша , т.е една преполна шака. Навечер ставете ги бадемите да омекнат во вода и внесете ги во овесната каша наутро.

Храни кои содржат ликопен

– го намалуваат холестеролот за 10-17%.

Ликопенот е каротеноиден пигмент одговорен за црвената боја на зеленчукот и овошјето. Високи нивоа на овој пигмент се присутни во доматот, лубеницата и други црвени овошки и зеленчуци. Истражувањата покажуваат дека има 10 до 17% намалување на холестеролот, но има и истражувања кои не го поткрепуваат ова.

Ореви и фстаци

– го намалуваат холестеролот за околу 10%.

Многу истражувања покажуваат намалување и редукција на холестеролот со конзумирање на бадеми и фстаци. Ова е вистина кога мастите од јаткастите плодови го заменуваат конзумирањето на други извори на лош холестерол. Конзумирањето околу 30 г. ореви дневно го намалуваат холестеролот.

Јачмен

– го намалува холестеролот за 7-10%
Како  овесот и оризот, јачменот го намалува холестеролот особено кога е замена за другите продукти од жито. Јачменот може лесно да ја замени пченицата во тестенините.

Темно чоколадо

– го намалува холестеролот за 2-5%.

Темното чоколадо го намалува холестеролот за 2-5 %, а растителните стероли кои се наоѓаат во сите растенија особено во растителните масла од соја го намалуваат холестеролот за 16%.

Зелен чај

– го намалува холестеролот за 2-5%.

Зелениот чај е долго време главен во Источна Азија каде што веруваат дека ги чисти мастите од нашето тело. Истражувањата сугериираат дека ова е вистина и дека зелениот чај може да го спушти холестеролот за 5%. Зелениот чај без шеќер исто така има помалку од 10 калории, и може да биде одлична замена за многу други пијалоци.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top