Тиквата се јаде во целиот свет, од неа може да се приготвуваат и солени и слатки јадења, може да се јаде сурова, динстувана, печена, пржена, а за организмот исклучително корисен е и свежо исцедениот сок. Но тиквите, кои може да бидат тешки и над десет килограми, не се одгледуваат само поради хранливиот плод, туку и поради семките, од кои се прави карактеристично масло, кое ги зачувува сите корисни состојки , а поради специфичниот вкус, им дава посебна арома на јадењата. Маслото е богато со омега-3 и омега-6 есенцијални киселини кои ја зголемуваат енергијата, го подобруваат здравјето на репродуктивните органи и обезбедуваат убав изглед на кожата и подобра функција на мозокот.
Експертите велат дека маслото од тиква го регулира холестеролот во крвта, влијае превентивно кај функцијата на мочниот меур и помага во лекувањето на синдромот нервозно црево. Помалку е познато дека тиквата содржи аминокиселина која го стимулира лачењето серотонин во организмот, хормон кој создава весело расположение и чувство на среќа. Лекарите советуваат дека затоа е многу подобро, наместо апчиња, лицето што не е во добро расположение да изеде едно парче варена или печена тиква. Тиквата во секојдневната исхрана спречува анксиозност и депресија. Таа содржи 90 отсто вода, но и многу минерали и витамини, што ја прави идеална храна за оние што сакаат да добијат вита линија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.