Четиринаесет годишно девојче од селото Миравци, почина денеска во болницата во Гевгелија, јавува „Канал 5“.
Според информациите на телевизија, девојче испило одредена количина на таблети за намалување на притисокот, при што се влошила нејзината состојба. Најпрво било хоспитализирано во болницата во Валандово, а потоа рано утринава во тешка здравствена состојба било префрлено во гевгелиската болница каде починало.
Ова е втор смртен случај неделава во гевгелиската болница, каде пред два дена починаа родилка и нејзиното новороденче.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст