Суспендирани се двајцата анестезиолози од Гевгелиската болница заради смртта на родилката и нероденото бебе.
Гинекологот кој бил на породувањето е вработен во болницата во Струмица и доаѓал во Гевгелија по потреба.
За сега нема показатели дека тој е одговорен за смртта на родилката. Од болницата во Струмица велат дека ќе чекаат да видат што ќе покаже истрагата на Министерството за здравство и на Лекарската комора, и врз основа на тоа ќе одлучуваат.
Во меѓувреме Лекарската комора бара да не се ставаат во ист кош сите лекари, затоа што најмногу од нив, како што пишува комората, професионално и совесно си ја вршат работата. Комората најавува дека ќе испита дали имало лична одговорност за смртта на родилката и нејзиното дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.