Едно лице загина, а четири се повредени во тешката сообраќајна несреќа што синоќа се случи при превртување на возило на регионалниот пат Охрид – Струга во близина на Еврохотел.
Загина 29 годишeн кичевец. Според полицијата, несреќата се случила околу 20 часот кога патничко моторно возило „фиат караван“ од засега непознати причини излетало од патот. Повредените лица биле пренесени во болниците во Охрид и Струга. Двајца од нив по укажаната помош биле пуштени на домашно лекување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.