Шахистите на Сибир без пораз и со само едно реми во седум кола станаа европски прваци во шах на Европскиот клупски куп што вечерва заврши во Скопје. Во последното коло Крамник, Аронјан, Гришчук, Чао, Ванг и Коробов ја заверија титулата со реми, 3-3 против Објетиво Падова.
Македонскиот шампион Алкалоид победи со 4,5-1,5 против Бер Шива од Израел, но не успеа да дојде до победничкиот пиедестал и во конечен пласман ќе биде на седмата позиција. Сребрениот медал им припадна на шахистите на Сокар од Азербејџан, а на бронзата и се радуваат шахистите на Медниј Всадник од Русија. Двете екипи имаат по 11 бода, но и подобар втор тај-брејк критериум од шахистите на Објетиво, кои собраа ист број на бодови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Алкалоид преку хуманитарен пикник донираше над милион и 50 илјади денари за Здружението „Животот со предизвици“
-
ШК „Алкалоид“ се подготвува за Европскиот Клупски Куп 2018
-
„Алкалоид“ со раст на консолидираниот извоз, нето добивка, инвестиции и 105 нови вработувања
-
Филип Панчевски од шаховскиот клуб на Алкалоид триумфираше на меѓународниот турнир во рапид темпо




