Лидери на ЕУ и на балканските земји утре ќе разговараат за да го поддржат создавањето нова операција за гранична контрола на границата на Грција со Македонија и Албанија, јави ДПА, повикувајќи се на нацрт-резолуција, подготвена за преговорите во Брисел, пишува МИА.
Новата операција на граничната агенција на ЕУ Фронтекс ќе стави акцент врз проверката на лицата кои ја напуштаат земјата, како и на регистрацијата на бегалци и на имигрнтите, кои се уште не се регистрирани во Грција.
Истиот документ предвидува дека 400 граничари може да бидат испратени во Словенија до среда, ако земјата го искористи механизмот на Фронтекс, за итно испраќање тимови.
Лидерите кои ќе се соберат во Брисел, ќе треба да усвојат дека „политиката да се пропуштаат бегалците до соседна земја не е прифатлива“, се наведува во нацрт-документот.
Документот се уште може да биде променет пред утрешната средба, наведува ДПА.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


